Македонсиот ракометен репрезентативец Филип Миркуловски пристигна во Скопје и веднаш му се стави на располагање на националниот тим и новиот селектор Кирил Лазаров.. Средниот бек ќе има една нова улога, ќе биде тренер-играч во репрезентацијата.

Во 2018 година летото кажав дека не може да играм на големите натпреварувања. Сепак, сега сум во друга улога, тука сум како тренер и како играч, дојден сум да помогнам. Не сум како претходно и спремен и здрав, така што сега имам поинаква улога. Со Лазаров сум соиграч во репрезентацијата веќе 15 години, се понудив да помогнам, впрочем сите сме тука за тоа, да направиме една успешна работа и да ги научиме младите како треба да се однесуваат кон македонскиот дрес и како да одговорат на тактичките задачи. Што се однесува до составот, имаме доста млади играчи во ростерот, но има и доста искусни. Талески и Кузмановски веќе четири години играат на високо ниво, Манасков, Стоилов, Георгиевски, Митревски, Лазаров. Веќе долго време играат во репрезентацијата. Играме против светски првак, немаме притисок, желба е да покажеме ново лице од тој настап на Светското првенство. Има уште многу работа, но во ова време што го имаме ќе работиме против Данска да одиграме многу подобро од она што Македонија го покажа во текот на зимата, изјави Миркуловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.