Ракометарите на Еурофарм Работник попладнево го совладаа европскиот вице-првак Веспрем во меч од регионалната СЕХА Лига. На средбата одиграна во Битола, а во рамките до Б групата Еурофарм Работник го победи унгарскиот гигант Веспрем со 26-24 .

Одлично прво полувреме изиграа домаќините, не дозволувајќи му на противникот во ниту еден момент да има резултатска предност, па на пауза Еурофарм замина со 14-8.

Битолчани до крајот со голема борба успеаја да ја сочуваат предноста и на крајот да се радуваат на победа со конечни 26-24.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.