Победата на македонската ракометна репрезентација против светскиот шампион Данска силно одекна во ракометниот свет.

Големо внимание на овој триумф му посветија и од Европската ракометна федерација (ЕХФ), од каде ја истакнаа улогата на Кире Лазаров, кому ова му беше деби како селектор, но истовремено ги извршуваше и своите играчки задачи на теренот.

Од ЕХФ на Лазаров му посветија видео во кое ја пофалија неговата способност во исто време да биде селкетор, играч и да ги советува и организира соиграчите за време на тајмаутите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.