Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави дека жрепката со која ќе бидат одредени групите за Европското првенство 2022 ќе биде извршена в четврток во Виена, откако во неделата беа комплетирани сите учесници на завршниот турнир.

Македонските ракометари своето седмо учество на европските првенства го остварија со ефект од пет победи и еден пораз, завршувајќи како второпласирани во квалификациската група 7.

Покрај македонската репрезентација, и домаќините Словачка и Унгарија, пласман на завршниот турнир во јануари идната година обезбедија и Данска, Шпанија, Хрватска, Србија, Германија, Шведска, Русија, Словенија, Белорусија, Норвешка, Португалија, Франција, Исланд, Чешка, Холандија, Австрија, Црна Гора, БиХ, Полска, Литванија и Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.