Европската ракометна федерација (ЕХФ) му посвети видео и текст и имаше само најубави зборови за македонскиот капитен Кире Лазаров кој пред неколку дена беше официјално претставен како нов селектор на македонската ракометна репрезентација.

ЕХФ напиша дека „Кралот Кирил седнува на жешкото столче“ и потсети на големиот број успеси кои ги постигна во текот на кариерата, додека го носеше дресот на Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Барселона и другите екипи.

„Лазаров има големо влијание во клупските и репрезентативните успеси во последните две децении. Тој освои две титули во Лигата на шампиони и ги освојуваше првенствата со Загреб, Веспрем, Сиудад Реал и Барселона. Тој е најдобар стрелец во ЛШ, на европските и светските првенства. Тој ја игра последната сезона како активен ракометар“, пишува меѓу другото во текстот на ЕХФ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.