Хрватскиот репрезентативец Иван Чупиќ е првиот ракометар во светот кој трипати го освоил европското злато во ракомет.

Македонскиот ракометен шампион Вардар повторно ја покори ракометна Европа и го освои ракометниот трон. Во големото финале на „фајнал-фор“ турнирот на Лигата на шампионите Вардар го совлада големиот ривал Веспрем со 27-24.

Вечерашниот успех на вардарци е посебен за Иван Чупиќ, кому ова злато му е трето во Лигата на шампионите. Хрватското крило стана првиот ракометар кој успеал трипати да го подигне најпрестижниот ракометен трофеј откако Ф4 турнирите се играат во Келн.

Првиот пат му успеа пред четири години со тимот на Кјелце, следната година тоа го повтори со Вардар, а вечерва стана бесмртен и по трет пат се радува на шампионската титула повторно со Вардар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.