Некогашниот вардарец хрватскиот репрезентативец Игор Карачиќ, кој летово се пресели во полскиот првак Келце, би можел наскоро да стане македонски зет.

Тој наводно е во врска со македонскиот модел Душица Андоновска, со која се дружеле долго време додека работеше во Скопје.

Откако Карачиќ замина во Келце, Андоновска често е кај него на гости, а чаршиските муабети велат дека наскоро и комплетно ќе се пресели во Полска, откако дала отказ на работното место.

Останува да видиме дали Карачиќ наскоро ќе ја изненади Душица со веренички прстен и ќе ја побара за сопруга…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.