Екипата на Пролет 62 која после 14. кола се наоѓа на 4. место во Супер машката лига доби големо засилување за голот за продолжението од сезоната, а таму ќе се најде искусниот Петар Ангелов, познат по прекарот Диви.

Поранешниот репрезентативец на Македонија се враќа назад после настапите во Германија каде беше дел од тимот на Ратинген. За него беа заинтересирани повеќе клубови, но на крајот одлуката падна за Пролет со кој веќе потпиша договор на година и пол.

Тој пред две години беше дел од Вардар, а потоа се пресели во Анталија во Турција, па во Кремс во Австрија, а оттаму замина во Ратинген.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.