Долгогодишниот ракометен судија Димитар Митревски во иднина ќе ја извршува функцијата спортски директор. Ова е одлуката на УО на РФМ, на која Митревски беше назначен на местото на Милчо Чакарески. Прв голем предизвик за новиот спортски директот ќе биде настапот на машката репрезентација на ЕП во јануари месец следната година.

Инаку подготовките за ЕУРО нашите ракометари ќе ги започнат на 21 декември во Скопје и тоа со проширен состав и неколкумина млади ракомети.

Во планот на селекторот Брестовац е и турнирот „Трофеј Карпати“ во Романија на 28 и 29 декември, каде по комплетирањето во Скопје на 2 јануари, репрезентацијата ќе замине за Словенија, каде ќе ги финишира подготовките со контролни дуели на 3 јануари против Словенците и на 5 јануари против Црна Гора. Оттаму на 9 јануари се заминува за Виена, а ЕП ќе го започнеме на на 10 јануари против Украина, по што на 12 јануари ќе следува дуелот со Чешка, а на 14 јануари против домаќинот, Австрија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.