„Црвено-црните“ одиграа квалитетно второ полувреме (16-12) со што ја избришаа лошата слика од првиот дел (17-9) кога ништо не функционираше во нивната игра. Една од тие магии кои го најави враќањето на вардарци во Сегедин по позитивен резултат дефинитивно беше онаа на Тимур Дибиров кој во седмата минута од второто полувреме постигна страшен погодок од мртов агол, погодок на кој најдобрата реакција ја имаше голманот на домаќините, Мирко Алиловиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.