Вардар ја продолжи позитивната традиција од изминатите шест сезони, на првиот домашен меч забележа победа, овој пат над Порто (32-27).

Вечерва во СЦ „Јане Сандански“ видовме две лица на македонскиот тим. Ракометарите одиграа под нивото во првото полувреме, а потоа им одржаа шампионска лекција на повратниците во ЛШ, не давајќи им никаква шанса да помислат на пресврт.

Очекувавме тежок меч, во прво полувреме не функциониравме како што треба, но во второто полувреме ја пронајдовме нашата игра. Не знам како гледаат во Порто, но овој тим брзо расте, играат добар ракомет. Сакам да им честитам уште еднаш, таму ќе биде многу тешко“, рече Тимур Дибиров.

Рускиот репрезентативец потенцира е дека убаво да се игра на домашен терен.

Убаво е да се игра пред нашата публика. Очекував поголема поддршка, но и кога салата не е полна, грми како да „крца“. Но, ние ете и со половина сала успеавме да направиме кам-бек. Среќни сме, затоа што секоја победа за нас е нешто специјално и важно“, додаде Дибиров.

sportmedia.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.