Ситуацијата во РК Вардар не е баш најдобра. Европскиот шампион минува низ тешки времиња, а тоа го потврди и Тимур Дибиров во интервју за „balkan-handball.com“.

Во интервјуто Тимур истакна дека клубот е во толку лоша состојба што не верува дека некој ќе остане да игра за Вардар.

Тешко е да се зборува за останување во Вардар. Никој од нас не знае дали клубот ќе постои. Гледаме опции и понуди од други клубови, и јас и другите играчи. Не е онака како што сакаме, туку како што мора да биде. Докажавме дека парите не играат кога станува збор за нас, туку огромна желба што ја имавме и односот со клубот. Тоа го покажувавме со години – рече Дибиров.

Во интервјуто, Дибиров исто така зборуваше е и за манифестацијата „Златна Бубамара“ каде беше присутен како дел од Вардар и истакна дека не разбира како некои луѓе можат да дозволат клубот да исчезне.

Бев на „Бубамара“. И вашите колеги во ТВ Арена Спорт излегоа со нас. Двапати таа вечер, 8000 луѓе беа на нозе и аплаудираа. За македонски филм кој беше номиниран за Оскар и кога ние излеговме на сцената. Може да се види колку луѓето го сакаат Вардар и го почитуваат она што го направивме и затоа не можам повеќе да верувам дека сме ставени во таква ситуација. Овој клуб може без Штербик, Циндриќ, Карачиќ, Стоилов и Дибирово, овој клуб може без било кој од нас. Може без сите, но мора да постои! Постои 60,70 години, не можам да разберам како го оставаат да исчезне – истакна Дибиров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.