Поранешниот европски ракометен шампион Вардар вечерва, на домашен терен, го игра првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите (ЛШ) против Пик Сегед, меч кој е посебно емотивен бидејќи најверојатно ќе биде последен во „Јане Сандански“ пред очекуваниот распад на клубот по најавеното заминување на сопственикот Сергеј Самсоненко.

Такви се и размислувањата на дел од ракометарите, кои веќе почнаа да се збогуваат со Македонија и со своите фанови тука. Еден од тие што го направија тоа е Тимур Дибиров, тој во пресрет на значајниот дуел со унгарскиот тим јавно им се заблагодари на сите Македонци за сѐ што направиле за него за време на престојот во нашата држава.

А, сето тоа беше зачинето со фотографија од историскиот дочек на црвено-црните ракометари на скопскиот плоштад по освојувањето на европската титула пред две години.

 

 

View this post on Instagram

 

Last game🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰Fala za se Macedonia I Macedonci🙏🏻🙏🏻🙏🏻🙏🏻🔴⚫️

A post shared by Timur Dibirov (@timurdibirov31) on

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.