Ракометарот на „Вардар“, Тимур Дибиров во интервју за руски медиуми вели дека пред ракометниот клуб се многу тешки времиња.

Имавме многу тешка полусезона. Цела година имавме проблеми во Вардар, но и покрај тоа го освоивме трофејот во Лигата на шампиони. Сепак, вакви тешки времиња во Скопје одамна немало, па сите се прашувавме што е проблемот. Стојанче Стоилов беше долго време повреден, а потоа се појавија повредите и на Атман, Горбок, Калараш, Горпишин… Исто така, влијание имаше и промената на тренерот. Едвај ја чекавме оваа пауза во која ќе се обидеме да поправиме нешто за да имаме подобри резултати на пролет, рече Дибиров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.