Продолжи црната серија на ракометарите на Вардар во Лигата на шампионите, откако вечерва загубија од Пик Сегед со 34:31.

Унгарскиот претставник дојде до бодовите на дуелот во Сегедин со подобра игра во текот на сите 60 минути. Домаќините има водство речиси целиот натпревар со исклучок на неколку изедначувања, последното (20:20) во 37. минута.

Најефикасен во тимот на Вардар беше Тимур Дибиров со седум голови. Русинот на овој меч стигна до 1000-от погодок во елитното натпреварување и се запиша во историјата на ЛШ како еден од најефикасните играчи.

Вардар по вечерашниот пораз остана на петте бода и е во втората половина на табелата (6. место) во А-групата.

Пик Сегед со четвртата победа од седум натпревари има 10 бода и во моментов е на второто место.

Двете екипи во следното коло повторно ќе играат меѓусебно, овој пат во Скопје каде домаќин ќе бидат вардарци. Овој натпревар е закажан за 25 ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.