Вардар загуби на гостувањето кај ПИК Сегед со 29-25, но и покрај тоа успеа третпат по ред да обезбеди место на завршниот турнир во Келн! Иако домашниот тим ја имаше предноста која му гарантираше пласман на Ф4, сепак вардарци се изборија за пораз од четири голови.

Тренерот Роберто Парондо вели дека е многу горд на неговите играчи.

Како да не бидам горд на момци, кои девет месеци не земале плата, кога цела сезона се редеа повреда врз повреда, загубивме светски лев бек поради финансиски проблеми. Друг лев бек тешко се повреди, едниот голман ни брани повреден, вели Парондо.

Турнирот во Келн ќе се игра на 1 и 2 јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.