Давид Хосе Писонеро, 46-годишен поранешен репрезентативец на Шпанија и официјално е новиот тренер на европскиот ракометен шампион, скопски Вардар.

Писонеро најмногу време како играч поминал во Ваљадолид, екипата која ја водел и како тренер во последните две сезони. Тој ќе го наследи Роберто Гарсија Парондо на клупата, исто така Шпанец.

Верувам дека клубот бараше некои карактеристики за наследник на Парондо во кои и јас се гледам себе си, и стил на игра што јас го негувам. Јас сакам да работам секојдневно и да размислувам така, и не гледам далеку пред себе. Горд сум што ќе бидам тренер на Вардар и што ќе бидам дел од Лигата на шампионите, изјави Давид Хосе Писонеро.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.