Македонскиот ракометен репрезентативец Цветан Кузманоски останува во редовите на Еурофарм Пелистер, откако го продолжи договорот со актуелниот вицешампион до јуни 2025 година.

За 22-годишниот Кузманоски ова е трета сезона во Битола, откако дојде од матичната Струга.

Од оваа сезона е член на Еурофарм Пелистер, наметнувајќи се со своите игри претходно во Еурофарм Пелистер 2.

– Ова е моја трета сезона во Битола. Задоволен сум, се навикнав на оваа средина. Голем напредок во кариерата ми е што се префрлив во првиот тим, стигнав и во репрезентација и се надевам дека оваа сезона ќе ја оствариме нашата цел, да ги донесеме титулите во Битола, изјави Кузманоски за клупскиот сајт на прволигашот од Битола. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.