Ракометарот на европски правак Вардар Иван Чупиќ вели дека играчите имале состанок со Сергеј Самсоненко и Михајло Михајловски и наскоро ќе имаат повеќе информации за иднината на клубот.

Крилото на Вардар за хрватските медиуми ја опишува актуалната ситуација во клубот. Вели дека е тешко, но тој нема намера да се предаде, во Скопје останува најмалку до крајот на сезоната.

Навивачите и ние никогаш не се предадовме, мислам дека тоа нема ни да се случи, а се останато е висока политика од која јас реално и не се разбирам.

Ништо не се знае. Имавме состанок со Самсоненко и Михајловски, разговараевме. Ни беше кажано дека до крајот на месецот ќе се знае нешто повеќе. Уште не знаеме што конкретно, но што и да се случува до крајот на сезоната сум тука, мислам дека и останатите ќе останат. Би сала работите да се стабилизираат, не засега навистина не знам ништо“.

„Имаме уште два натпревари во Лигата на шампионите па осминафинале. Па ќе видиме. Имаме и четвртфинале од СЕХА со Нексе, па се надевам и фајнл-фор, така да работа не недостасува. Е сега тука сме колку што сме, осум до десет, крипиме. Ни рекоа дека можеби ќе дојдат уште двајца, но искрено не знам како во оваа ситуација. Ништо, одиме од ден во ден па ќе видиме до каде ќе стигнеме. Би било штета сето ова да згасне, тоа е сигурно“.

„Како се живее без плата? Не е идеално, не е ни новост. Семеството е добро и тоа е најважно. Секој си има своја работа, некој оди во градинка, некој во школо, некој на ракомет. Се навикнаа на се. Добро е, вели Чупиќ за хрватските медиуми.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.