Хрватска претрпе еден од најголемите порази во својата ракометна историја, откако загубија од Данска со 12 гола разлика (38:26), со што не успеаја да се пласираат во четврт-финалето на Светското првенство во Египет.С

По поразот од Данците, селекторот, Лино Червар, кој по Мундијалот го напушта кормилото на националната селекција, изјави дека убедливиот пораз не треба да се гледа како некаков неуспех, туку како реална состојба во репрезентацијата.

Во првото полувреме игравме добро, одбраната не беше толку силна, но издржавме. Потоа ни недостасуваше сила и не одеше. Честитки за момците, се трудеа и тие кои играа помалку, но Данска беше едноставно подобра. Ова не е неуспех, туку е реална состојба – изјави Червар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.