Селекторот на Хрватска Лино Червар е пресреќен по победата над Германија и пласманот во полуфиналето. Тој објаснува дека овојпат не дозволил да му го украдат пласманот меѓу четирите најдобри и оти имал што да им каже на полувремето на своите играчи.

Морам да им се заблагодарам на играчите.На полувремето ја прифатија мојата теза дека не прифаќам пораз. Поразен  можеш да бидеш само ако се откажеш. Германците играа грубо и ние паднавме на нивната игра. Подоцна се прибравме, Шего се истакна и се вративме-истакна Червар.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.