Отиде времето… Ни ја украде топката, да му е… мајката безобразна… Ајде да го завршиме нападот што побрзо.

Вака Лино Червар, селекторот на хрватската ракометна репрезентација ја коментираше одлуката на судиите да му досудат чекори на Игор Карачиќ две минути пред крај на мечот.

Македонските арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов одлично си ја одработеа задачата на синоќешното финале во Стокхолм каде што Шпанија повторно ја освои европската титула.

Но, Червар беше бесен на нашите судии. Иако на повторената снимка се виде дека хрватскиот бек навистина направи чекори и Начевски ја донесе вистинската одлука, Червар ги загуби нервите на тајмаутот што го зема една минута подоцна.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.