Поради нов случај на коронавирус, целиот тим на поранешниот македонски ракометен шампион Металург, заедно со комплетниот стручен тим, ќе оди во двенеделна изолација.

Уште еден ракометар покажа симптоми на вирусот и тој веднаш бил испратен на испитување. Резултатот од тестот е позитивен, што го стави целиот Металург во карантин, бидејќи ракометарот беше во контакт со целата екипа за време на гостувањето во Тулуз. Поради позиривниот тест не се одигра натпреварот меѓу Металург и Богданци во рамките од ракометната Суперлига.

Поради ова одложен е и мечот од второто коло од групната фаза во Европската лига меѓу Металург и Висла Плок.

Веднаш по позивниот тест во македонакиот тим беше поднесено барање за одлагање на дуелот со Висла, по што ЕХФ ги информирало двата клуба дека мечот закажан за 27 октомври се откажува, а новиот термин ќе биде објавен дополнително.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.