Најави ли Брестовац оставка?

Брестовац: Со мене или не, мора да градиме една нова силна, квалитетна репрезентација

Ракомет 14.01.2020 / 20:01

Македонија изгуби од селекцијата на Австрија 32:28.

Ова беше најважниот натпревар на Македонската репрезентација која не успеа да го добие. Македонските ракометари се враќаат дома.

Во изјава за ТВ Телма, селекторот Данило Брестовац даде куса изјава во која рече дека со него или без него мора да градиме една нова силна и квалитетна репрезентација.

Дали Брестовац со оваа изјава најави оставка, останува да времето да покаже.

Тој кажа дека репрезентацијата ни е млада и ќе треба многу да се работи, поради што во иднина верува дека од овие играчи ќе излезат врвни ракометарски имиња. Според Брестовац нападот бил тој што потфрлил вечерва во споредба со одбраната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.