Со победата над Чиле на седмото учество на светските првенства Македонија се пласира во втората, главна фаза. Селекторот Данило Брестовац ги истакна најважните фактори за овој успех.

Подобрената одбрана во вториот дел го донесе пресвртот, но Брестовац ги истакна и бековите, кои, конечно, проработија.

Им честитам на играчите за победата. Натпреварите против Египет и Шведска во претходните две кола беа одлична подготовка за овој меч. Во второто полувреме ги отстранивме грешките во одбраната и тоа не однесе до потребната победа. Подобра одбрана и лесни голови. Добри беа нашите играчи од надворешната, бековска линија и тоа беше клучно за нашата победа, рече македонскиот селектор.

Со оваа победа и со освоените два бода, го загарантиравме третото место во групата Г, поради што продолжуваме во втората фаза, во која ќе играме против Словенија, Русија и Белорусија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.