Селекторот на машката ракометна репрезентација, Данило Брестовац денеска изјави дека тимот оди на победа во последниот меч против домаќинот Австрија.

Тој вели дека иако на почетокот на првенството повеќе стравувал за играта во одбраната, сега повеќе му „шкрипи“ во нападот.

Подготовката е иста, одиме на победа, поразот со Чешка веќе е архивиран, и сите сме насочени што подобро да се подготвиме за следниот натпревар. Имаме време, имаме можности, имаме квалитетни одбранбени играчи, кои, иако стравуваме на почетокот на првенството дека одбраната ќе ни биде проблем, но и јас сум тој што повеќе посветува внимание на одбраната и повеќе состаноци имаме со нив, можам да кажам дека повеќе ми „шкрипи“ во нападот, отколку во одбраната. Повеќе ни шкрипи во таа одбрана 6 на 5, имаме помала креативност на самите играчи, имаме слаба реализација, имаме слаба поставеност – изјави Брестовац.

Според него, репрезентацијата досега никогаш немала вакви проблеми, но и нема доволно време кога да се променат работите. Сепак тој не се откажува од позитивен епилог на утрешниот меч.

Сепак имаме уште еден меч, имаме сила, имаме можност, имаме играчи, имаме уште двајца играчи кои можат да влезат во ротација. Мишевски е во одбрана, Танковски е во напад, може да биде корисен. Кратко е ЕП за да можеме да најдеме уште еден млад играч кој би бил четврти играч за таа ротација Талески и Кузмановски, доколку не им тргне – додаде Брестовац.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.