Данило Брестовац, селектор на македонската ракометна репрезентација нема намера да се предаде пред Шведска вечерва, на воведниот натпревар во Египет каде што вчера почна Светското првенство.

Работевме како да одиме на СП и ете, отидовме. Мислам дека со овој состав, којшто е во фаза на формирање, дека сме доволно рамноправни за да се носиме со сите репрезентации во светот, така и со Шведска, Египет и со Чиле. За нас е награда што сме на ова Светско првенство, но не е награда само да учествуваме, секако дека дојдовме за да влеземе во вториот круг, па понатаму секој нареден натпревар би ни бил добредојдена школа. На оваа генерација ѝ претстои светла иднина, вели селекторот.

Натпреварот се игра од 20.30 часот, а селекторот допрва треба да соопшти кои четворица ќе отпаднат, за да се формира 16-ката која ќе излезе на мегдан со Швеѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.