Селкторот Данило Брестовац смета дека Филип Кузмановски може да биде новиот лидер на репрезентацијата по заминувањето на Кире Лазаров.

Кузмановски полека се наметнува да биде предводник на оваа екипа, во овој момент тој е најсериозен кандидат да ја преземе улогата на Кире Лазаров по неговото заминување, смета селекторот, кој е задоволен од тоа како е репрезентацијата покриена на пивотменската и голманската позиција.

Можам да го издвојам и Костески кој прикажа солидни настапи. Добро сме покриени на пивотменската и голманската позиција, Митревски и Томовски добро функционираат. Трет голман е Даниловски, а да не ги заборавиме уште Кизиќ и Петковски, истакна селекторот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.