Данило Брестовац, селекторот на македонската машка ракометна репрезентација смета дека за вечерашниот дуел со Австрија е потребно да го спуштиме противник на 24-25, за да може да стигнеме до победа.

Дуелот меѓу Македонија е ко-домаќинот на ЕП Австрија е вечерва во 18.15 часот. Во вториот дуел од 20:30 часот играат Украина и Чешка. Од исходот на мечот зависи дали Македонија ќе се пласира во втората фаза на еврошампионатот или пак ќе го заврши настапот на континенталното првенство.

Наша главна цел ќе биде да ги спуштиме Австријците на 24-25 за да можеме да стигнеме до победа. Инаку, ни одговара и победа од еден разлика, но со најмалку 33 голови, но тоа е тешко остварливо според тоа како играат двете селекции, изјави селекторот Данило Брестовац.

Со победа над Австрија над два разлика (може и еден), а не повеќе од четири, тогаш во следната фаза Македонија покрај пласманот ќе пренесе и два бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.