Составот на Вардар за новата сезона ќе биде засилен со доаѓањето на бразилскиот интернационалец, Хозе Гиљермо Де Толедо (25). Тој потпиша двегодишен договор со европскиот првак Вардар, а игра на позицијата десен бек.

Роден во Сао Паоло, висок 193 см и тежок 100 кг. Толедо треба да му биде колега на Даинис Криштопанс на десната бековска страна. Толедо е репрезентативец на Бразил и има освоени златен (2016) и сребрен (2018) медал од Пан Американските игри. Играше и на СП 2015 година во Катар.

Толедо е вториот Бразилец во клупската историја што ќе настапува во дресот на Вардар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.