Голманот на македонскиот ракометен првак Вардар, Борко Ристовски, веќе неколку дена е во Скопје, откако мина речиси цела недела „во самица“ во хотел во Загреб. Тој мистериозно беше прогласен за позитивен на Ковид 19, тест по кој Вардар беше исфрлен од Ф4 турнирот на СЕХА во Задар. Како што е познато, наместо црвено-црните, на Ф4 отпатува токму Загреб, кого македонскиот првак спортски го елиминираше на терен. За постетување, Загреб загуби во финалето од Веспрем, кој по четврти пат застана на тронот, еднаш помалку од Вардар, пишува „Спорт1“.

Јас ова го сфатив и помалку лично, бидејќи беа засегнати и моето семејство и моите пријатели и секако мојот клуб. Згора на тоа што пет дена бев неправедно затворен во четири ѕида. Затоа, заради оваа “нечија” авантура јас најмив адвокатска куќа од Загреб која ќе го испита случајот и доколку се утврди намерна „грешка“ ќе поднесам соодветна пријава. Ова е вистината накратко за тоа што навистина се случи во Загреб. Оставам на секој да размисли и да донесе свој заклучок. Во спортот не смее да се случуваат вакви (не)намерни „грешки“. Спортот мора да остане чист, инаку ја губи својата цел, вели чуварот на мрежата на црвено-црните за „Спорт1“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.