Македонија извонредно го почна натпреварот против големиот фаворит Шпанија во четвртото коло од Групата Б на Светското првенство во Германија и во Данска.

Резултатот на првото полувреме е нерешен 12-12

По 15 минути игра Македонија има предност од 6-5, а на моменти таа изнесуваше и три гола разлика благодарение на одличниот на голот Митревски кој досега има 9 одбрани, но и разноврскиот напад. Без сомнение, како број еден гол од првите 15 минути се издвојува феноменалниот цепелин на Кире Лазаров и Дејан Манасков…

Гол што е вреден за одбележување од првиот дел е погодокот на капитенот Кире Лазаров, во 24 минута со играч помалку на теренот.

Погледнете ја бомбата од десетина метри…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.