Откако Европската ракометна федерација реши да ги исфрли француските великани ПСЖ и Монпеље многу работи во Лигата на шампионите нема да бидат исти. Љубителите на ракометот во Македонија се прашуваат колку ова ќе му помогне на Вардар на патот кон нов Фајнл Фор во Келн.

Патот на Вардар и онака е тежок. Најпрво ќе треба во осминафиналето да се сретне со Пик Сегед, а потоа можеби и со страшниот Веспрем.

Затоа пак ќе го нема силниот тим на ПСЖ и место него ќе игра Загреб. На местото на Монпеље пак ќе настапува белорускиот Мешков Брест.

 

Осминафинални двојки

 

Вардар – Пик Сегед

Динамо Букурешт – Загреб

Киелце – Целје П.Л

Порто – Алборг

Фленсбург – Мешков Брест

Висла Плок- Веспрем

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.