Тренерот РК Вардар Стевче Алушовски им честита на своите ракометари за борбата и потенцира дека карактерот на Вардар е она во последните пет минути .

„Најпрво, би сакал да му честитам на Елверум. Моите момци дојдоа до втора победа во ЛШ. Мислам дека бевме поприсебни во клучните моменти, можеби и малку поискусни од ракометарите на Елверум во вакви моменти и можеби и малку посреќни. Отворивме многу лошо, ако не се лажам со 11 промашени чисти шутеви во првото полувреме, нивниот голман беше расположен и на паузата имавме минус три. Го одигравме второто полувреме до последниот атом и честитки за сите играчи. Она што го покажавме во последните пет минути е за респект. Тоа е нашиот победнички карактер“, изјави Алушовски.

Вардар според распоредот во следното коло треба да биде домаќин на Мешков Брест (4 март).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.