Тренерот на Вардар Стевче Алушовски вели дека неговиот тим направил неколку клучни грешки во последните моменти, а и среќата ги послужи ракометарите на Мешков Брест.

„Загубивме во драматичен финиш, навистина е тешко сега да се зборува. Мислам дека Мешков Брест имаше повеќе среќа во завршницата, а ние направивме неколку клучни грешки кои на крајот беа кобни. Не можам да замерам на ракометарите, за желбата, за борбеноста иако нашите навивачи не се среќни со поразот. Мораме уште многу да работиме за да бидеме на потребното ниво и треба да се свртиме кон следниот предизвик“, изјави Алушовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.