Пред шест месеци посака неговиот Еурофарм Работник да биде вицешампион на европскиот првак, а во пролетниот дел од сезоната ќе седне на жешкото „црвено-црно“ столче. Стевче Алушовски е нов тренер на Вардар.

Според информации до кои дојде Gol.mk младиот македонски стратег се реши да ја прифати понудата на раководството на Вардар и стави потпис со клубот, за кој како играч бeлежеше големи успеси.

Во тимот од „Јане Сандански“, Алушовски доаѓа како замена на Едуард Кокшарoв, кој беше привремено решение по прекомандата на Давид Писонеро од прв тренер, во асистент.

Пред 47-годишниот стратег претстои најголемиот предизвик, затоа што најпрво ќе мора да ги консолидира „црвено-црните“ редови, да се справи со повредените ракометари и да го одведе тимот по вистинскиот пат, по кој се движеше во последните три сезони.

Вардар ќе биде третиот клуб на Алушовски во својата тренерска кариера, откако претходно ги водеше битолските екипи Пелистер и Еурофарм Работник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.