Ракометарите на Вардар попладневно беа совладани од Порто, а тренерот Стевче Алушовски вели дека, „ова е тешка ситуација, бидејќи имаме премногу повредени играчи, играчи кои заминаа во други клубови во последен момент“.

Но, Алушевски е оптимист и се надева на се најдобро за Вардар.

Тоа е бренд во нашата земја. Јас сум убеден дека и следната сезона, можеби не на ова ниво, но ќе игра повторно во ЛШ. Не е моја работа, но секојдневно со играчите се соочуваме со оваа ситуација. Наше е да тренираме, а имаме пет пивоти, четири крила и тројца голмани за направиме квалитетен тренинг. Но се надеваме на подобри денови за нашиот клуб, дополни вардаровиот тренер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.