Фудбалерот Андре Виздом, кој беше член на Ливерпул четери години во младинските категории, па уште пет како сениор, иако главно беше на позајмица, а за тимот од Енфилд собра 22 настапи, стана центар на вниманието на англиските медиуми од сосема поинакви причини.

По натпреварот кој го играше викендов со Дерби против Рединг, заминал да го посети семејството кога бил избоден на улица. Моментално е во болница и се опоравува од нападот.

Нападот се случил од непознат крадец додека Виздом излегувал од неговиот автомобил.

Тој е избоден и моментално е во болница. Ограбен е. Мојот друг брат е на пат кон болницата. Ова е лудило, не можам да верувам, изјавлила сестрата на Андре.

Клубот се огласи со кратко соопштение во кое потврдува дека дошло до инцидент, како и дека фудбалерот заработил повреди поради кои морал да биде примем во болница.

Во известувањето на англиските медиуми засега не се наведува што бил мотивот на нападот на крадецот. Но судејќи по се идејата на напаѓачот не била само напад на фудбалерот туку и кражба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.