Мухамед Зекири, потпретседателот на СДСМ, продолжува да се препукува со македонскиот ракометен репрезентативец Стојанче Стоилов, па откако тој беше фотографиран како од трибините се радува на головите со кои Македонија со 3-2 ја совлада Албанија во квалификацискиот натпревар во футсал, Зекири вели:

Кажете му на Стоилов нека се радува и нека учи како се сака спортот и Македонија. Трите гола против Албанија за победа од 3:2 ги постигнаа Албанци од Македонија. П.С. Пак нека изигрува патриот и нека станува од манифестации кога се зборува на албански“, напиша Зекири на својот профил на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.