Јамајканката Илејн Томсон Хира го истрча финалето на 100 метри за неверојатни 10.61, што е второ најбрзо време во историјата и нов олимписки рекорд.

Со ваквиот резултат, името на 29-годишната атлетичарка останува запишано веднаш зад Флоренс Грифит Џојнер која го држи светскиот рекорд со 10.49.

Успехот на Јамајка го надополнија Шели-Ен Фрејзер-Прајс, која со 10.74 го освои сребрениот медал, и Шерика Џексон која заврши трета со личен реорд од 10.76.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.