Дерби натпреварот од 14. коло во Првата футсал лига меѓу КМФ Арбен Бајрами и КМФ Проект го одбележаа немили сцени затоа што во Чаир беа демолирани автомобилите на футсалскиот лидер.

Поради инцидентот се јави и КМФ Проект со соопштение за натпреварот кој се одигра пред неколку дена.

* Дербито од страна на ФФМ беше прогласен за натпревар од висок ризик што подразбира преземање на дополнителни мерки за безбедност од страна на полицијата, со доволен број на полициски службеници!
При нашето доаѓање пред салата (18 часот), затекнавме три млади полицајки и тројца полицајци, кои беа на влезот и внатре во салата. По паркирањето на возилата на паркингот и по 20 минутно чекање надвор поради опструирањето на работата на делегатот од страна на домаќинот кој инсистираше да има свое цивилно обезбедување од 15-тина клупски гавази во услови кога нема публика!!! делегатот мораше да им дозволи и дотичните влегоа на трибините!
Уште при соблекувањето на нашите играчи на трибината, започна подготвеното сценарио: петарда со голема звучна и светлосна моќ одекна како бомба во салата, во близина на нашите играчи! Потоа надвор од салата одекнаа уште неколку.
Никој ништо не презеде! Делегатот се трудеше да воспостави ред, но немаше подршка од домаќините и од полицијата!

* Натпреварот помина тензично, со благ притисок од домашната екипа, но затоа „обезбедувањето“ на домаќинот беше задолжено за провокации и закани кон гостинската екипа!

* Натпреварот заврши (како заврши) за на крајот двајца од редарите да скокнат во теренот, а им се приклучија уште двајца играчи кои сакаа да се пресметаат со нашата екипа! Полицијата ги спречи!

* Откако полициските службеници присутни во салата, на средината од второто полувреме увидоа дека проценката на нивните надредени за ваков ангажман и услови не е доволна, побараа засилување и кон крајот на натпреварот дојдоа поголем број полицајци (униформирани и во цивил)!
Но, тогаш беше доцна, бидејќи добро организираната вандалска група веќе ја имаше завршено работата на паркингот, пред да пристигне полициското засилување!

* По завршувањето на натпреварот, полицијата не држеше речиси еден час во салата, како што рекоа поради наша безбедност. Потоа ги повикаа надвор тројцата сопственици на нашите возила со кои патуваше екипата! Останатите не задржаа во салата, но ни беше јасно што се случува! Конечно, откако не пуштија надвор (собрани во една група), видовме една застрашувачка слика на демолирани три возила со исечени пневматици, искршени ретровизори, оштетени бандажи и изгребани каросерии…

* Полицијата направи увид и записник, а крим техника обезбеди фото документација. На крајот со две шлеп возила беа кренати двете оштетени возила, а за третото обезбедивме гуми и со полициско обезбедување го напуштивме Чаир околу 23 часот!

* КМФ Проект на денешниот состанок на раководството, одлучи да ја запознае јавноста со овие вандалски и дивјачки случувања во Скопје со неколку фотографии и две видеа што следуваат во фото галеријата, а останатите материјали ќе ги достави до надлежните органи на ФФМ, кои ќе ги добијат и увидните материјали од полицијата.

* КМФ Проект, преку ФФМ ќе бара материјална отштета од КМФ Арбен Бајрами како домаќин на натпреварот, за санирање на штетата предизвикана врз нашите возила!

Соопштение до јавноста по повод немилите настани на дерби натпреварот од 14 коло во Првата футсал лига одигран во…

Posted by КМФ Проект Јосифово on Friday, 26 February 2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.