На оваа седница е дополнета одлуката за паричната награда за Дејан Георгиевски за постигнатиот врвен олимписки успех и таа сега е поголема за 800.000 денари и изнесува 2 милиони денари од страна на Владата и 600.000 денари од страна на Агенцијата за млади и спорт.

Владата ја разгледа информацијата за реконструкција на спортската сала „Партизан“ во Општина Карпош и ја задолжи Агенцијата за млади и спорт да спроведе постапка за избор на изведувач на работите и да ги обезбеди средствата во висина од 70.000.000 денари распределени по годишни износи за 2021, 2022 и 2023 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.