Картонските кревети, накои ќе спијат спортистите на овогодинешните Олимписки игри во Токио, се сигурни и нема да се скршат за време на секс, но доколку во сексот учествуваат само две лица.

Ова на сите засегнати им го вети производителот на еколошките кревети „Еирвејв“. Јапонија се труди овие Олимписки игри да бидат најеколошките досега, па затоа, меѓу другите акции, одбра да создаде кревети од рециклирачки материјали.

На промоцијата на новите парчиња на мебел, производителот, инаку, позната компанија за душеци, вели дека картонските рамки се поцврсти и од дрвените.

Тие ги имале предвид активностите кои секоја година се случуваат во Олимпиското село, рекоа пред медиумите.

Спроведовме експерименти, како фрлање на тегови врз креветите. Додека се држат до само две лица истовремено на кревет, немаат гајле, рекол производителот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.