„Ветивме-oстваривме за сите вас“, напиша Дарко Костовски на Фејсбук, тренерот на олмпискиот вицешампион Дејан Георгиевски.

Ете го медалот, свети, свети како денешната волја на Дејан Георгиевски и целиот тим, свети како сонцето на нашето македонско знаме!

Македонски народе, фала ви од срце за оваа невидена лавина од емоции и поддршка!

За нашето доаѓање и пречек, ќе ве известиме во текот на утрешниот ден, ќе ве чекаме сите, заедно да ја допишеме оваа историја, порача Костовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.