Шпанскиот тенисер Фернандо Вердаско беше дисквалификуван од Ролан Гарос затоа што по пристигнувањето во Париз имал позитивен тест за вирусот корона.

Искусниот Вердаско се огласи преку соопштение во кое наведува дека е лут на организаторите, бидејќи не му дале можност да направи повторен тест. Тој исто така спомена дека се опоравил од коронавирусот во август и дека имал негативен резултат.

Оваа година нема да можам да се натпреварувам на Ролан Гарос. Многу ми е жал за тоа и апсолутно сум фрустриран. Сакам да го искажам разочарувањето, фрустрацијата и гневот кон организаторите на Ролан Гарос, кои ми го одзедоа правото да се натпреварувам на важен турнир, иако не ми дадоа можност да го повторам тестот и резултатот што го добив и за кој сум убеден дека не е во ред, напиша Вердаско.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.