Атлетичарката од Венецуела, Јулимар Рохас освои златен медал во трискок и постави нов светски рекорд на Олимписките игри во Токио.

Рохас победи со резултат од 15 метри и 67 сантиметри, откако претходно скокона 15,41 метар, 14,53, 15,25, додека направи престап во третата и петтата серија.

Рохас собори светски рекорд стар 26 години. Претходно, светска рекордерка беше Инеса Кравец, која скокна 15,50 метри на Светското првенство во Гетеборг во 1995 година.

Сребрениот медал ѝ припадна на Патриција Мамона со скок од 15,01 метар, додека третата позиција е резервирана за Ана Пелетеиро со скокнати 14,87 метри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.