Белгијскиот велосипедист Ремко Евенпел доживеа скршеница на карлицата и контузија на белите дробови за време на пад на трката околу Ломбардија, соопшти денеска неговиот тим.

Како што се наведува, 20 годишниот велосипедист прелетал преку ограда од мост и во блиска иднина нема да може да се натпреварува. Ова ги менува неговите планови за сезоната, пред се учеството на Џиро ди Италија (3-25 октомври), што требаше да биде негова прва голема трка.

Евенпел беше мошне успешен во досегашниот дел од сезоната и лесно победи во сите четери трки во кои се натпреваруваше. Беше и меѓу фаворитите за победа во Ломбардија.

За време на спустот низ падините, 40 километри до целта Белгиецот удри во оградата од мостот и падна на другата страна. Лекарите брзо пристигнаа и го префрлија во болницата во Комо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.