Во организација на клубот Анималс од Скопје, на терените на клубот што се наоѓаат во населбата Дрма-Идризово, утре ќе се одржи „Септемвриски коњички турнир“ и 3. коло од отвореното Државното првенство прескокнување пречки за 2020 година.

Натпреварите се дел од календарот на Федерацијата за коњички спорт на Македонија.

На програмата се четири натпревари во прескокнување на пречки во класите А, Б, Ц и Д со висина на пречките од 0,9 метри до 1,2 метра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.