Дваесетиедногодишниот боксер Исус Величков почина за време на меч на турнирот „Скадар боксинг најт“ во Скадар, пишуваат албанските медиуми. Бугаринот боксирал против домашниот боксер Ардит Мурја, кога во петтата рунда примил неколку удари и паднал.

Величков паднал во бесознание, а медицинските екипи се обиделе да го освестат, но безуспешно.

Боксерот бил пренесен во болница, но лекарите не успеале да го вратат во живот.

Според првичните информации, Величков починал од срцев удар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.