Трка на Инди кар ќе завршеше трагично, откако поранешниот возач на Ф1, Такума Сато, со непрописна брзина влезе во пит-стопот и за малку смртно ќе покосеше механичар.

Јапонецот влета пребрзо и преблизу до оградата и притоа не можеше да го избегне механичарот, го удри во нозете и го крена над болидот потоа забивајќи се во ѕидот. Тој помина само со мал шок и модринки по телото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.